ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Хамза Рамани е првото засилување за Беласица

Хамза Рамани е првото засилување за струмичкиот второлигаш Беласица за пролетниот дел од сезоната, игра на позицијата дефанзивен среден и е репрезентативец на Македонија до 19 години.
19-годишникот во Струмица доаѓа од тимот на Велешта каде што беше стандарден првотимец. Во својата кариера има настапувано и за кичевски Велазерими, а потекнува од Шкупи.
>>> ПЛАТФОРМА ЗА ТУРИЗАМ КОТВА.МК – РЕЗЕРВИРАЈТЕ СМЕСТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА <<<
„Му посакуваме добредојде и со успех да го носи плаво белиот дрес“, велат од Беласица.