Европски ФудбалФудбал

Халанд не се појави на медицинските прегледи во Дортмунд, Зорк: Халанд е во Англија!

Ерлинг Халанд ја има најдобрата сезона во својата кариера. Младиот талент не се појави во Дортмунд денес за време на тестирањето на фудбалери пред почетокот на новата сезона во Бундеслигата. Играчите го започнаа собират за новата сезона која започнува во средината од месец Август.

Ерлинг Халанд, кој немаше никакви репрезентативни обврски ова лето, денес не беше присутен во Дортмунд, но се чини дека доцни малку од одморот што знаеше на вистински начин да ги искористи.

Бидејќи Норвежанецот не се појави на собирот, фановите беа шокирани и започнаа со шпекулациите околу иднината на Халанд.

Голем број од новинарите веднаш побараа одговор од предводникот на Борусија, а директорот Мајкл Зорк, низ насмевка одговори: „Ерлинг не е тука затоа што веќе е во Англија“.

Европскиот шампион Челси на секој можен начин сака да го купи одличниот напаѓач, па тие подготвуваат понуда од дури 150 милиони фунти за Халанд да пристигне на „Стемфорд Бриџ“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!