Европски ФудбалФудбал

Гвардиола: Не можеме да си дозволиме нов напаѓач

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека клубот најверојатно нема да донесе нов напаѓач, со оглед на високите цени на играчите на пазарот.

„Граѓаните“ останаа без Серхио Агуеро, кој како слободен агент се пресели во Барселона.

Странските медиуми напишаа дека шампионот во Премиер лигата понудил 100 милиони фунти на Тотенхем за Хари Кејн. Имаше информации што укажуваа на тоа дека шпанскиот стручњак бил заинтересиран и за Ерлинг Халанд.

„Со овие цени нема да купуваме напаѓачи. Тоа е невозможно, не можеме да си го дозволиме“, изјави Гвардиола за каталонските медиуми.

„Сите клубови имаат финансиски проблеми, ние не сме исклучок. Ги имаме Габриел Хесус, Феран Торес. Има и млади играчи од академијата… Постои голема веројатност да не купиме напаѓач.“

Што велите, какви се шансите Сити да не донесе нов напаѓач ?

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!