Европски ФудбалФудбал

Гвардиола најде замена за Агуеро, доаѓа нов играч од Германија

И покрај огромните пари, високиот буџет и одличните играчи, Пеп Гвардиола сепак не успева да ја освои Лигата на шампионите со друг тим освен Барселона.

Манчестер Сити минатата сезона беше запрен во финалето од Челзи. „Сините“ славеа на стадионот „Драгао“ со минимални 1:0 и заслужено се искачија на тронот на Европа.

Пораз во финалето за Гвардиола значи ново трошење пари, што е на некој начин неопходно по заминувањето на Серхио Агуеро во Барса како слободен агент.

Пеп најде ново засилување во Бундеслигата. На местото на Агуеро треба да биде Андре Силва, кој минатата сезона експлодираше во дресот на Ајнтрахт Франкфурт.

Англискиот шампион веќе стапи во контакт со Хорхе Мендеш, кој го претставува португалскиот напаѓач. Трансферот нема да се реализира за цифра помала од 40 милиони евра.

Силва постигна дури 28 гола во Бундеслигата во сезоната 2020/21 и беше еден од најдобрите играчи во ова натпреварување, па не е изненадување што Гвардиола го посакува меѓу „граѓаните“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!