Европски ФудбалФудбал

Гвардиола: Исклучително добра сезона за нас

Поминаа 13 години откако Шеик Мансур го презеде Манчестер Сити со идеја да владее со фудбалска Европа. И тој не успеа во својата намера, сè уште не. Пеп Гвардиола го стори тоа, но пред точно десет години, и оттогаш тој безуспешно се обидуваше да го повтори подвигот. Петта сезона по ред, тој маршира во Лигата на шампионите со заеднички сили со арапските сопственици, сепак – ќорсокак. И петта година по ред.

Беа блиску. Всушност, никогаш поблиску. Во финалето, историско прво на Сити, премиера на Гвардиола во претходните десет години, тие беа поразени од Челзи. Но, и покрај тој крах во елитното натпреварување, шпанскиот стручњак сезоната што заврши синоќа ја окарактеризира како успешна по загубеното финале.

“Би сакал да кажам дека тоа беше одлична сезона за нас. Сонот е да бидеме тука, за жал, не можевме да победиме. За многумина од нас во клубот, ова е прв пат да сме тука. Имам голема почит за играчите, тие дадоа сè, но ние ќе се вратиме посилни. Сакам да им честитам на извонредната сезона”, изјави Гвардиола.

Шпанскиот стручњак беше задоволен од прикажаното на неговиот тим, иако објективно Манчестер Сити немаше посериозна можност за 97 минути фудбал.

“Начинот на кој игравме, се обидовме да ги срушиме во второто полувреме. Челзи е навистина добар тим, беше тесно. Заслуживме да постигнеме гол во второто полувреме. Одигравме навистина добро финале. Покажавме храброст, играчите направија сè. Тие се бореа. Во тој момент ви треба инспирација и квалитет, имаше три или четири моменти кога бевме близу, но не успеавме. Ќе се вратиме посилни во иднина”.

А до нов обид – одмор.

“Доаѓањето овде беше навистина добро. Ние се натпреварувавме неверојатно добро цела сезона. Ајде да одиме дома, да паузираме две недели и потоа да одлучиме со клубот што е најдобро за следните години. Сега сакам да одам дома и да бидам со семејство што го немам видено долго време, да направам пауза и да започнам да работам на тоа како да и пристапиме на следната сезона “, заклучи Гвардиола.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!