Европски ФудбалФудбал

Гвардиола доби негативен тест, може да го води утрешниот натпревар

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, превентивно ја откажа прес-конференцијата пред натпреварот со Њукасл во недела, бидејќи беше прашан за тест за коронавирус.

Сепак, тој доби негативен тест во текот на вечерта, а на клупата на англискиот шампион ќе може да седне во недела, кога на „Сент Џејмс Парк“ ќе гостуваат „граѓаните“.

Натпреварот помеѓу Њукасл Јунајтед и Манчестер Сити е на програмата во недела од 15 часот со директен пренос на Спорт Клуб 1.

Тоа ќе биде дуел меѓу првиот и последниот тим на табелата во Премиер лигата.

Засега е познато дека четири натпревари од Премиер лигата се одложени поради коронавирусот во саботата, а еден во неделата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!