ФудбалФудбал - Останато

Гуџуфи од Беласица во Бешикташ за речиси половина милион евра!

Младиот фудбалски талент, Бесар Гуџуфи од следна сезона ќе настапува за турскиот шампион, Бешикташ. 16-годишникот веќе позираше во дресот на турскиот гигант, а ќе стави потпис на договор од пет години.

Гуџуфи настапуваше за Вардар, а на полусезона бесплатно се пресели во струмичка Беласица каде покажа одлични игри. Беласица која од следната сезона се враќа во Втора лига – Исток, одлично заработи од овој трансфер, речиси половина милион евра, или поточно 480.000 евра.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!