ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Гуџуфи најново засилување, Беласица ги договори и тест мечевите!

Последнопласираната Беласица се засили со младинскиот репрезентативец Бесар Гуџуфи кој настапуваше во Вардар. Младиот играч веќе е на тренинзи и му е на располагање на новиот тренер Ѓоре Јовановски.

Беласица претходно се засили со Оливер Пеев, Бенјамин Демири, Александар Вулиќ, Страхиња Шево, Давор Аврамовиќ, Миленко Мијатови.

Договорени се и неколку контролни натпревари. „Фенерџијата“ ќе се тестира со Тиквеш, Плачковица од Радовиш, Раднички од Сремска Митровица, Царско Село, третолигашот Њу Старс, Слога од Виница и штипска Брегалница.

Македонската елита стартува на 14. февруари, а Беласица пролетната полусезона ја отвара против Ренова.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!