ЕУРО 2020Фудбал

Група Ц: Холандија прв фаворит, Македонија оди по изненадување!

Групата Ц на Европското првенство ги вклучува селекциите на Австрија, Холандија, Македонија и Украина и во оваа група скоро сигурно ќе се води голема битка до самиот крај за пласман во следната фаза. Прв фаворит, барем на хартија, треба да биде репрезентацијата на Холандија, но од популарната „лаљиња“ честопати доаѓаат некои неочекувани резултати, па ќе биде многу интересно да се види колку може да направи овој тим. За втората позиција, повторно на хартија, битката треба да ја водат репрезентациите на Македонија, Австрија и Украина.

Холандија
Холандската репрезентација ги пропушти последните две големи натпреварувања и ЕВРО 2020 ќе биде нивна шанса да се оправдат пред своите навивачи. Предноста на овој тим е што тие ќе играат натпревари во својата земја и на нивниот стадион, а селекторот Франк де Бур ќе може да смета на сите играчи, освен на повредениот стопер на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк.

Први ѕвезди на тимот се поранешните играчи на Ајакс, Френки де Јонг и Матијас Де Лихт, како и напаѓачот на Лион, Мемфис Депај, и тие дојдоа на ЕП како второпласирани во групата Ц во квалификациите со два бода помалку од Германија.

Австрија
Австријците стигнаа до ЕП благодарение на второто место во квалификациите во групата Г каде освоија 19 бода, шест помалку од Полска и пет повеќе од Македонија, против кого и ќе го отворат Европското. Составот на Австрија се состои претежно од играчи од германската Бундес лига, како и од домашното првенство, а главни sвезди на тимот се Давид Алаба, Марсел Сабицер и Марко Арнаутовиќ.

На неодамнешниот контролен натпревар, Австрија беше поразена од Англија со 1:0, а претходно атмосферата во тимот делумно ја расипа тешкиот пораз од Данска со резултат 4:0 во квалификацискиот натпревар за СП 2022 година. Како и да е, Австрија претходно ја освои групата 1 во Лигата на нациите (Б) и избори промоција во повисок ранг.

Украина
Конфликтот меѓу Украина и Русија секако имаше големо влијание на фудбалот во оваа земја и од почетокот на конфликтот тамошната Премиер лигата доживеа голем пад, но без оглед на тоа тренерот Андриј Шевченко успеа да направи одличен тим и да избори место на Европското првенство. Украинците дојдоа на ЕП благодарение на одличните квалификации во кои го зазедоа првото место во групата Б пред Португалија, а на крајот имаа три бода повеќе од актуелниот европски шампион.

По осум натпревари остварија шест победи и два порази, а особено убедлива беше победата против Србија со резултат 5:0.

Македонија
Репрезентацијата на Македонија освои историско место на Европството првенство преку Лигата на нации, и ова ќе биде наше прво појавување на ревијата на најдобрите како независна држава. Големиот успех, славје и победа против Грузија во решавачкиот натпревар за Македонија го донесе легендарниот Горан Пандев, чиј настап на Европското најверојатно ќе биде врв во неговата кариера. Македонските фудбалери со убедливи 4:0 го совладаа Казахстан на второта контролка и со стил го најавија настапот на континенталниот собир и деби натпреварот против Австрија на 13 јуни.

Момците на Игор Ангеловски уште еднаш покажаа дека се „гладни“ за победи. На натпреварот против Словенија во нашиот национален тим се истакна тимската игра и хемија, токму она што ни е потребно на континенталниот собир.

Распоред на натпревари од групата Ц:

1 коло

  • Австрија – Македонија (Национална арена Букурешт, 13 јуни во 18 часот)
  • Холандија – Украина („Јохан Кројф“ арена, 13 јуни во 21 часот)

2 коло

  • Украина – Македонија (Национална арена Букурешт, 17 јуни во 15 часот)
  • Холандија – Австрија („Јохан Кројф“ арена, 17 јуни во 21 часот)

3 коло

  • Македонија – Холандија („Јохан Кројф“ арена, 21 јуни во 18 часот)
  • Украина – Австрија (Национална арена Букурешт, 21 јуни во 18 часот)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!