ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Грујоски на центарот во Радовиш, Иванов го доби дуелот меѓу Кит Го и Каменица Саса

Викендот се игра последното есенско коло од Втората фудбалска лига – Исток. Познати судиите за 15. коло кое ќе се одигра в сабота. Александар Грујоски ќе патува во Радовиш каде ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Детонит и Осогово, додека пак Никола Иванов ќе им суди на Кит Го и Каменица Саса.
Делегирани судиите 15. коло ВМФЛ – Исток:
Кожуф – Братство, Садик Таири (Струга)
Кит Го – Каменица Саса, Никола Иванов (Велес)
Беласица – Слога, Фуркан Идризи (Тетово)
Детонит – Осогово, Александар Грујоски (Кичево)
Победа – Локомотива, Миле Лазов (Неготино)