ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Грујоски ќе го суди заостанатиот меч меѓу Тиквеш и Шкупи кој е закажан за среда

Заостанатиот меч од 1. коло од ПМФЛ помеѓу Тиквеш и Шкупи ќе се одигра в среда (7. септември), а дуелот ќе го суди Александар Грујоски од Кичево.
Овој дуел беше одложен поради европските настапи на Шкупи, со што истиот е закажан за в среда, и така ќе биде комплетирано 1. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци со почеток од 16:00 часот.