ЕУРО 2020ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Грција се жали до УЕФА за македонските дресови поради нашиот амблем

Откако Русија се жалеше на дресовите на Украина, сега и грчката фудбалска федерација се жали до УЕФА поради амблемот на дресот со кој ќе настапат македонските фудбалери на Европското првенство.

Жалбата стигнала пред почетокот на Европското првенство, односно пред натпреварот Турција – Италија.

Според информациите во грчките медиуми, Министерот за спорт Лефетерис Авгенакис испратил писмо со жалба до претседателот на УЕФА, Александар Чеферин за логото кое ќе го користи Македонија на Европското првенство.

Македонија во недела против Австрија го игра првиот историски натпревар на ЕП, а Грците реагираат на тоа што на дресот ќе го има амблемот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и тие сметаат дека тоа е спротивно на Преспанскиот договор кој беше потпишан во 2018 година помеѓу двете држави.

Грците сметаат дека не смееме да го користиме ФФМ, туку СМ (Северна Македонија) или РСМ (Република Северна Македонија).

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!