ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Грнев ги собра фудбалерите, Кит Го ги стартува зимските подготовки

Шефот на стручниот штаб на Кит Го, Емил Грнев денеска означи старт на зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток.
Фудбалерите на Кит Го низ зимскиот период ќе работат во Штип и Пехчево, а веќе се договорени и пет пријателски натпревари.
Контролите ќе стартуваат со пресметката против Брегалница на 23. јануари. На 30. јануари е закажан дуел со Кожуф, на 6. февруари ќе се одмерат силите со Осогово, на 13. февруари со Брегалница Делчево и генералката пред стартот на пролетниот дел од шампионатот ќе биде на 20. февруари со Тетекс.
Кит Го првиот натпревар од пролетната сезона го игра на 27. февруари против Слога во Виница.