ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Грнев: Бевме трпеливи со младите фудбалери, па на крајот секако задоволни сме од есенскиот дел

Осврнувајќи се на есенскиот дел од сезоната која Кит Го ја заврши на четвртата позиција на табелата, шефот на стручниот штаб Емил Грнев не го крие задоволството од реализираното во првиот дел од првенството.

Грнев силно веруваше во младите фудбалери, трпеливо очекувајќи од самиот старт подмладениот тим да го даде вистинскиот одговор на терен. Сето тоа беше очигледно во втората половина од есентта кога се редеа низа позитивни резултати.

„Може да бидеме задоволни од есенскиот дел во првенството кој го завршивме на четвртото место на табелата. Знаевме од почетокот на сезоната дека мора да бидеме трпеливи за оваа млада екипа која во вториот дел од есентта го покажа своето лице, со поддршка и од поискусните фудбалери“ – вели Грнев, и дополнува:

„Мора да искажам благодарност и до раководството на клубот кое веруваше во оваа екипа, но да искажам и благодарност до тимот кој живее како едно големо семејство кое постојано и постојано сака да се докажува на терен. Токму нашето заедништво на крајот не донесе до позитивните резултати“.

Фудбалерите на Кит Го од следната недела заминуваат на одмор кој ќе трае до 10. јануари за кого стручниот штаб го планира почетокот на подготовките за вториот дел од шампионатот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!