Европски ФудбалФудбал

Гризман има уште три години договор со Барса, но веќе ја откри следната дестинација

Гризман минатата година изјави дека играњето во САД е една од неговите цели, а сега рече дека ќе го проба кога ќе му истече договорот со Барселона.

Одличниот француски напаѓач е обврзан со договор со Барселона на уште три години, а кога ќе му истече мандатот на „Камп Ноу“, тој ќе заигра во САД.

Во интервју за „Фигаро“, новинарите го прашаа Гризман дали сè уште смета дека доаѓањето во МЛС на 32 или 33 година е сепак вистинскиот потег.

“Имам уште три години договор. Треба да обрнам внимание на моето тело затоа што може да се промени во секое време”, рече 30-годишникот и додаде:

“Мојот договор со Барселона истекува во јуни 2024 година и после тоа ќе биде вистинско време да одам во САД. Ја сакам таа земја, ја сакам културата, НБА и ме привлекува желбата за авантура. И моето семејство сака да оди таму.“

“Сакам да ја завршам кариерата таму, но и да бидам доволно добар на теренот за да освојам МЛС, да не доаѓам во време кога немам што да понудам. Тоа нема да има смисла”, рече тој.

Гризман минатата сезона ја заврши како втор стрелец на Барселона со 13 погодоци во Примера, но поранешниот напаѓач на Атлетико и Реал Сосиедад не успева да ја оправда огромната сума на пари.

Французинот постигна и два гола во Лигата на шампионите и три во Копа дел Реј, вклучително и еден гол во финалето против Атлетик Билбао (4:0).

Гризман е исто така стандарден член на „триколорите„ и тој е незаменлив во првиот тим на Дидие Дешамп и е една од најголемите надежи на актуелниот светски шампион.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!