ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Григоров: Овче Поле влезе во победнички ритам, има реални шанси за прво место и Втора лига!

Овче Поле во недела ќе гостува на Градскиот стадион во Радовиш, каде во меч од 10. коло од Третата лига – Исток ќе се соочи со домаќинот Раклиш. Во изјава за Спортска Мрежа, секретарот на клубот од Свети Николе, Филип Григоров вели дека клубот е во победнички ритам и со одлична атмосфера.

„После турбуленциите на стартот на сезоната, клубот влезе во победнички ритам. Извојувани се неколку победи по ред со што атмосферата во клубот е на задоволително ниво пред последните натпревари од есенскиот дел. Покрај многуте повреди и изоставувањата поради проблеми со Ковид-19, екипата влезе во натпреварувачки ритам и има реални шанси за борба за првото место и пласман во Втората лига. Овче Поле за натпеварот против Раклиш е максимално подготвен и очекуваме победа“, ни изјава Григоров.

Тој смета дека шансите за прво место и пласман во Втората лига за третолигашот од Свети Николе се реални.

„Се надеваме на успешен завршеток на првенството во преостанатите два натпревари, а на пролет ќе дадеме се од себе за да се радуваме на пласман во Втората Лига“, завршува Григоров.

Правдата на мечот во Радовиш ќе ја дели Михаилов Петар од Кочани, додека негови помошници ќе бидат Ѓеоргиев Богданчо и Јованов Кирил, исто така од Кочани. Натпреварот ќе започне во 13:00 часот и ќе се одигра без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!