ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Градскиот стадион во Берово добива нова мрежа за наводнување на тревникот

Градскиот стадион во Берово во следните 14 денови ќе биде затворен поради поставување нова мрежа за наводнување на тревникот.

„Димитар Беровски“ кој е еден од подобро уредените стадион го користи третолигашот Малеш кој минатата сезона одигра солидна сезона, а во новата сезона останува со истите цели – пласман во повисок ранг на натпреварување.

Преку соопштение веста за поставување на нова мрежа за наводнување на тревникот ја соопшти претседателот на Малеш, Новица Печински.

„Почитувани спортисти, рекреативци и љубители на фудбалот, Ве известуваме дека вратите на Градскиот стадион „Димитар Беровски“ ќе бидат затворени 14 дена, поради поставување нова мрежа за наводнување на тревникот. Сакаме да го вратиме стариот препознатлив сјај на стадионската трева, па затоа мора да ги затвориме портите, да го санариме тревникот и да го вратиме во препознатливиот сјај“, се вели во соопштението.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!