Европски ФудбалФудбал

Готово: Меси во ПСЖ!

Нема веќе дилема – Лионел Меси ја продолжува кариерата во Пари Сен Жермен, потврдува добро информираниот новинар Фабрисио Романо.

Таткото на Лео и агент Хорхе Меси ја доби официјалната понуда на „светците“ и таа ќе биде прифатена.

Остана само да се решат одредени детали, за 34-годишниот Аргентинец да пристигне во Париз и да ги помине медицинските прегледи, за да може да се официјализира работата.

Поранешниот напаѓач на Барселона го напушти „Камп Ноу“ по 21 година. Тој се прости од Каталонците на прес-конференција во неделата.

По тој повод, шесткратниот освојувач на Златната топка откри дека сака да остане во Барса, дури и по цена да ги намали приходите за 50 проценти, но клубот не најде решение за да потпишување нов договор поради големите финансиски проблеми.

Заминувањето на Меси од Барса го означува крајот на една ера. Со Блауграната освои вкупно 35 пехари, а сега ќе се обиде трофејната серија да ја продолжи во Париз. Тука првенство се мисли за освојување на толку посакуваната Лига на шампиони.

Тој ќе има голема помош во форма на офанзивни соиграчи како Нејмар и Клијан Ембапе, но и остатокот од тимот предводен од Анхел ди Марија, Серхио Рамос, Марко Верати, Ашраф Хакими и голманот Донарум.

Нема дилема – Маурисио Покетино со Меси добива пеколно силна екипа на располагање.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!