Гостивар се засили со Велиу, Селмани и Јакупи

Второлигашот Гостивар денес се засили со нови три играчи за пролетната полусезона од Втората лига – Запад.
Артан Велиу, Јасир Селмани и Премтим Јакупи се новите играчи кои се приклучуваат кон амбициозната екипа која ќе се бори за промоција во ПМФЛ.
23-годишниот Велиу кој е повратник во Гостивар доаѓа од Ренова, а во својата кариера има настапувано за Шкупи, Вардар Форино, Шкендија.
30-годишниот Селмани исто така е повратник во Гостивар, доаѓа од прволигашот Ренова, а во кариерата има настапувано и за Шкендија.
Премтим во Гостивар доаѓа од редовите на косовски Лапи, а во својата кариера 20-годишникот има настапувано за Дрита и Шкендија.
Гостивар е на делба на втората позиција со 30 освоени бодови и има негатива од седум бодови во однос на лидерот Скопје.