ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Гостивар се засили со младинскиот репрезентативец Муше и Дерала

Второлигашот Гостивар пред крајот на преодниот рок го засили тимот со уште двајца нови играчи за пролетната борба за влез во Првата лига.
Нови играчи на Гостивар се 18-годишниот Муше Јасин и 24-годишниот Дерала Али.
Младинскиот репрезентативец Муше игра како крило и во амбициозниот второлигаш доаѓа од редовите на Шкупи. Напаѓачот Дерала по авантурата во Турција се враќа во домашниот фудбал.
Гостивар претходно се засили со Лавдрим Скендери, Сејди Зендели, Јетон Шанини, Валон Незири, како и голманот Дејан Силјановски.