ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Гостивар се засили со искусниот Ѓорѓи Танушев

Второлигашот Гостивар е еден од најактивните, а можеме слободно да кажеме и најактивен македонски фудбалски клуб на пазарот ова лето. Гостиварци градат тим за атак на местата кои водат во Прва лига.

Денес во Гостивар беше промовиран искусниот Ѓорѓи Танушев, кој доаѓа од редовите на кратовски Силекс.

31-годишниот голгетер во својата кариера покрај за Силекс има настапувано и за Пелистер, Академија Пандев, прилепска Победа, Борец, штипска Брегалница, Хоризонт и Хоризонт Турново.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!