ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Гостивар се засили со Дарко Стојанов од Вардар

Второлигашот Гостивар денес го промовираше Дарко Стојанов од Вардар како најново засилување, со што уште еднаш потврдува дека гради тим за атак на местата кои водат во Прва лига.

Искусниот Стојанов ќе биде големо засилување на Гостивар и ќе треба да помага во остварувањето на целта- пласман во ПМФЛ.

32-годишникот во својата кариера покрај за Вардар, настапуваше и за штипска Брегалница, Ренова, велешки Борец, како и за Дунав Русе од Бугарија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!