ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Гостивар се раздели со 11 фудбалери

Екипата на Гостивар во следната сезона од Втората лига – Запад ќе биде во сосема променет лик. Клубот кој минатата сезона имаше амбиции за влез во Првата лига, ова сезона ќе има уште потешки шанси за обезбедување директен пласман во ПМФЛ покрај Вардар, Силекс и Воска Спорт.

Гостивар започна до креирањето на тимот за следната сезона, а веќе се заблагодари на дури 11 фудбалери од првиот тим кои си заминуаат.

Дел од фудбалерите си заминуваат поради истек на договор или поради прекин на соработката, а дел поради си одат бидејќи беа позајмени играчи.

Договорите со Гостивар ги прекинаа Трајче Стојковски, Јасин Мише, Бехар Абдули, Јетон Шахини, Арменд Даути, Малик Белули и Хакан Лимани, додека од позајмица заминаа Џемаил Есати, Алмир Реџепи, Јасир Селмани и Премтим Јакупи.

Во следните денови Гостивар ќе ги претстави новиот играчи кои наредната сезона ќе го носат бело-синиот дрес.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!