ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Гостивар претстави пет нови засилувања

Второлигашот Гостивар продолжува со градењето на екипата за следната сезона во Втората лига – Запад. Клубот претстави уште пет нови засилувања со кои ќе атакува на висок пласман на табелата во новата сезона.

Бујар Илази, Селими Члирим, Али Асани, Агон Елмази и Имран Фетаи.

Илази доаѓа од редовите на прволигашот Шкупи, Члирим доаѓа од шампионот Шкендија. Асани е младински репрезентативец на Македонија, а доаѓа по авантурата во Вардар. Елмази по две години поминати во Словачка се враќа во матичниот клуб. Последното засилување, Фетаи е член на У-19 репрезентацијата на Македонија, а во Гостивар се враќа од шампионот Шкендија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!