ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Гостивар и тренерот Дашмир Беари се разделија

Второлигашот Гостивар за новата сезона во Втората лига – Запад ќе добие нов тренер, откако на денешниот состанок помеѓу сега веќе поранешниот тренер Дашмир Беари и клубот е донесена одлука за прекин на соработката.

Од Гостивар му се заблагодарија на тренерот Беари за подигнување на квалитетот на тимот.

„Ние како клуб му се заблагодаруваме на тренерот Дашмир Беари за подигнување на квалитетот на нашиот тим, каде што тој придонесе со неговото искуство клубот да се бори за врвот на табелата, ниe сме многу благодарни и му посакуваме се најдобро и многу успеси во кариерата“, велат од Гостивар.

Клубот во наредните денови ќе ве информира за новиот тренер кој ќе биде на чело на тимот во следната сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!