ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Гостивар гради тим за Прва лига, Емран Рамадани ново засилување

Екипата на Гостивар денес претстави ново прволигашко засилување, откако Емран Рамадани денес беше претставен како нов играч.
30-годишниот крилен играч кој игра по левата страна во Гостивар доаѓа од Ренова како слободен игра. За прволигашот од Џепчиште одигра 28 натпревар.
Рамадани ќе биде огромно засилување за Гостивар, кој за следната сезона има цел да ги напаѓа местата кои водат во Прва лига.
Во својата кариера Рамадани беше дел од Струга Трим Љум, Кораб, Шкендија, Партизани од Албанија, како и Хајдук Кула од Србија.