ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Гостивар го промовираше Ринор Ајдини како најново засилување

Второлигашот Гостивар го промовираше Ринор Ајдини како најново засилување за пролетната полусезона од Втората фудбалска лига – Запад.

21-годишниот фудбалер во Гостивар доаѓа од редовите на Тетекс, а потекнува од школата на Работнички.

Гостивар есенската полусезона ја заврши на шестото место на табелата, а во пролетниот дел целта е сигурен опстанок во второлигашкото друштво и за следната сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!