Останато

Ѓоргоќески и Стојковска од БК „Универзалци“ на „Златна ракавица Балкан Гран При“ во Белград

Давид Ѓоргоќески и Моника Стојковска од Боксерскиот клуб „Универзалци“ ќе бидат дел од македонската репрезентација која ќе учествува на Меѓународниот турнир „Златна ракавица Балкан Гран При“ во Белград, Србија во период од 8. до 22. февруари.

На турниот ќе настапат боксери од Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Покрај Ѓоргоќески и Стојковска, на турнирот во Белград ќе настап и Ардијан Аземи, Шпетим Ајредини, Ардијан Џемаили, Рузѓар Асановски, Бекир Лимани, Хади Шехаби, Александар Ристоски, Суад Куртиши, Аллен Рустемов, Елес Асанов, Дамјан Талимче, Ѓоше Ѓошов, Ресул Мамудов, Шеро Мамутовски и Ферид Хоџа.

Нашата репрезентација ќе биде предводена од тренерите Васко Цубалевски, Халим Абази и Мухамед Алија.

Поврзани Наслови

Инаку, претходно Спортска Мрежа направи интервју со младиот Давид Ѓоргоќески кој го има Светскиот рекорд во правење склекови. Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!