Ѓоргиоски: Локомотива има одлична екипа затоа е на првото место, но Напредок е комплетен и подготвен да го даде максимумот!

Утре во Градско ќе се соочат два конкуренти за Втора лига – Исток, лидерот Локомотива ќе биде домаќин на Напредок од Крушеани.
Пред утрешниот натпревар, еден од подобрите штопери на Напредок, Христијан Ѓоргиоски во изјава за Спортска Мрежа вели дека Локомотива има одлична екипа затоа е на првото место, Напредок е максимално подготвен за утрешниот натпревар и додава дека екипата ќе биде комплетна со клучните играчи со кои Напредок ќе атакува на поволен резултат.
„Очекуваме поволен резултат, но не ја потценуваме Локомотива од Градско која моментално има една од подобрите екипи во Третата лига – Југ кое и резултира со моменталната позиција односно прво место во лигата. Напорно тренираме и максимално сме подготвени за натпреварот и се надеваме ќе го дадеме максимумот за поволен резултат. Изминатите два натпревари кои ги одигра Напредок како домаќин и кои не беа во наша корист, се должи на проблемите во клубот со отсуство на клучни играчи поради повреда. Со нивното враќање во недела на фудбалскиот стадион во Градско против екипата на Локомотива ќе бидеме комплетни и очекуваме враќање на шансите во борбата за повисоко место во Третата лига – Југ. Мораме да ги поправиме сите лоши работи кои ги направивме на претходните натпревари на наш терен како домаќини особено последниот против екипата на Питу Гули од Крушево“, ни изјави Ѓоргиоски.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Натпреварот во рамки на 19. коло од Третата лига – Југ ќе започне во 15:00 часот и ќе може да се следи во ЖИВО на Спортска Мрежа со пренос овозможен од Локомотива.