Ѓоргиев: Респект за Братство, но Саса нема право на кикс, трите бодови мора да останат во Македонска Каменица!

Каменица Саса третиот круг од шампионатот го стартува против Братство од Житоше на домашен терен. Екипата на Саса после двата порази од Слога 1934 во Виница и од Братство на домашен терен нема право на кикс доколку сака да продолжи да ги напаѓа местата кои водат во Прва лига.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Саса два пати сезонава беше поразена токму од Братство, на гостински и на домашен терен, а веќе утре повторно ќе се соочи против незгодниот протовник од Житоше, екипа која во пролетниот дел се прероди и се врати во трка и за директен опстанок.
Во изјава за Спортска Мрежа голманот на Каменица Саса, Димитар Ѓоргиев вели дека имаат респект кон Братство, но и дека Саса нема право на кикс, додава дека трите бодови мора да останат дома.
„Респект за Братство, но Саса нема право на кикс, трите бодови мора да останат во Македонска Каменица.“
25-годишниот голман вели дека лошо влијаеле поразите во Виница од Слога 1934 и дома од Братство.
„Нормално дека лошо влијаеше врз нас, но тоа е спортот и се надеваме дека во сабота ќе излеземе од таа мини криза и ќе им се вратиме на победите“, ни изјави Ѓоргиев.
Натпреварот ќе стартува во 15:00 часот, а главен судија на мечот ќе биде Ндерим Тефику од Куманово.