Ѓоргиев ќе го суди дербито на колото меѓу Охрид и Гостивар, Пилешков го доби дуелот меѓу Вардар и Беласица

Викендот се играат натпреварите од 12-тата рунда на Втората македонска фудбалска лига. Колото ќе биде отворено в сабота со дербито на колото меѓу Охрид и Гостивар, како и со дуелот меѓу Арсими и Воска Спорт, додека пак со останатите шест натпревар, в недела ќе биде затворено 12. коло.
ФФМ ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум второлигашки натпревари, кои ќе започнат во 13 часот.
Дербито на колото кое се игра на „Билјанини Извори“ меѓу Охрид и Гостивар ќе го суди штипјанецот Крумислав Ѓоргиев, додека пак дуелот в недела меѓу Вардар и Беласица го доби штипскиот судија Димитар Пилешков.
- Делегирани судии 12. коло ВМФЛ:
Пелистер – Тетекс, Бењамин Ќерими (Скопје)
Вардар – Беласица, Димитар Пилешков (Штип)
Кожуф – Слога Виница, Фуркан Идризи (Тетово)
Арсими – Воска Спорт, Кирил Смоквоски (Прилеп)
Охрид – Гостивар, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Детонит Плачковица – Беса, Марјан Дејаноски (Кичево)
Борец – Каменица Саса, Дарко Стојчевски (Скопје)
Караорман – Локомотива Пехчево, Владимир Ѓорѓиевски (Битола)