ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Ѓоргиев: Ќе биде многу тешко против Беласица, ако загубиме- Саса ќе има минимални шанси дури и за бараж

Каменица Саса во претходното коло со пенал се спаси од пораз во дуелот против Пехчево на домашен терен (2:2). Ваков резултат воопшто не одговараше за второлигашот од Македонска Каменица кога е во прашање директниот влез во Прва лига.

За Саса сега следува дерби пресметката во Струмица против Беласица. Во изјава за Спортска Мрежа голманот на Каменица Саса, Димитар Ѓоргиев вели дека иако неговата екипа одигра нерешено против Пехчево, сепак се растеретени и немаат никаков притисок, за дуелот во Струмица додава дека ќе биде многу тешко.

„Сега сме растеретени и немаме никаков притисок, нема што да изгубиме само може да добиеме. Секако дека ќе биде тешко, но ние се подготвуваме како и за секој натпревар, без разлика кој е противникот. Да бидеме реални, ако го загубиме натпреварот шансите ни се минимални дури и за бараж“, ни изјави Ѓоргиев.

Саса има многу тежок распоред до крајот на сезоната. Веќе в сабота е дерби пресметката со Беласица во Струмица, потоа на домашен терен следува уште една директна пресметка со Победа, за потоа да дојде тешкото гостување против моменталниот лидер Слога 1934 во Виница. Последниот меч на домашен терен Саса ќе го игра против Кожуф од Гевгелија, а сезоната „рударите“ ќе ја затворат со гостување во Радовиш кај Детонит.

ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

25-годишниот голман за тешкиот распоред на неговата екипа вели дека не сакаат многу калкулации.

„Не сакаме многу калкулации ќе одиме од натпревар на натпревар се додека имаме реални шанси за врвот“, рече Ѓоргиев за Спортска Мрежа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!