ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ѓорѓи Стоилов најново засилување за Шкупи

Македонскиот прволигаш Шкупи го промовираше Ѓорѓи Стоилов како најново засилување за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

>>> КОТВА.МК – ПЛАТФОРМА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ И КАФУЛИЊА <<<

26-годишникот стави потпис на договор од шест месеци со можност истиот да биде продолжен на уште една година. Стоилов на „Чаир“ доаѓа од Зира, а пред преселбата во Азербејџан настапувае за струмичкиот прволигаш Академија Пандев.

„Мило ми е што потпишав со тим како Шкупи. Овој клуб има традиција во макекдонскиот фудбал и целите за оваа сезона се јасни. Исклучително сум среќен што сум дел од тим со многу добри играчи. Кој не би сакал да игра за Шкупи ? – клуб со историја и верни навивачи“, изјави Стоилов за клупскиот сајт.

Стоилов веќе е во Анталија и се приклучи на подготовките на новиот клуб.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!