Некатегоризирано

Ѓоре Јовановски и Кожуф спогодбено се разделија

Второлигашот Кожуф и тренерот Ѓоре Јовановски спогодбено се разделија, по денешниот пораз на гевгеличани од Караорман со 0:2 во заостанатиот меч од 6. коло од ВМФЛ на домашен терен.

Јовановски пред три месеци седна на тренерското столче на второлигашот од Гевгелија, но поради слабите резултати, двете страни спогодбено се разделија.

Во својата кариера 66-годишинот тренер ги водеше СЛога Југомагнат, Работнички и Металург, беше дел и од Вардар и Шкендија, а пак во Турција ја водеше екипата на Самсунспор.

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, Кожуф е на 11-тото место со 7 освоени бодови. Во следното коло Кожуф на домашен терен ќе игра против Каменица Саса во дерби од долниот дел на табелата.

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!