ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Горан Пандев: Ако клубовите не одлучуваат во ФФМ ќе се тргнам на страна

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев e револтиран од состојбите во македонскиот фудбал. Нашиот најдобар фудбалер во објава на својот официјален истраграм профил излезе со силна критика против структурите на Фудбалската федерација на Македонија со фотогафија од вчерашниот снежен и замрзнат терен на СЦ „Пандев“ во Струмица, каде Академија Пандев играше натпревар против Работнички од 19. коло, а денес Комисијата за натпревари на ФФМ донесе одлука сите натпревари да се одложат за следниот викенд.

Во својата објава, Пандев вели дека ако не се променат работите, ако клубовите не одлучуваат во ФФМ, ќе се тргне на страна.

Срамно и жално… Уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку Ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви. Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот уште ви е во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата, што гиневме за македонскиот дрес. Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал за нашата (аматерска лига), колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период. Спремен сум ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат во фудбалската федерација да се тргнам на страна“, објави Пандев.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!