РакометРакомет - Суперлига

Горан Андоновски е нов тренер на Тиквеш

Ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци доби нов тренер во борбата за опстанок во Суперлигата на Македонија.

Клубот ќе биде предводен од искусниот стратег Горан Андоновски, кој е замена за Томе Петрески.

Андоновски е поранешен репрезентативец на Македонија и долги години беше тренер на Охрид и обезбеди место во европски купови.

Тиквеш во следните денови ќе започне со подготовките и предизвиците во плеј-аутот, каде ќе има тешка задача за да избори опстанок во Суперлигата. Во плеј-аутот покрај Тиквеш ќе се натпреваруваат и Радовиш, Астраион од Струмица, Младост Богданци, Голден Арт КЛ7, Прилеп, Јуниор Кисела Вода и Работнички.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!