РакометРакомет - Суперлига

Голманот Стојаноски верен на Тиквеш

Голманот Александар Стојаноски ја продолжи соработката со ракометниот клуб Тиквеш за новата сезона од Суперлигата.

Искусниот голман ќе биде од големо значење на голот на Тиквеш во следната сезона. Во својата кариера Стојаноски има настапувано за Младост од Богданци, Макс Струмица, Борец, Охрид, Струга и Јуниор Кисела Вода.

За Спортска Мрежа, Стојаноски вели дека е задоволен од минатата сезона и дека атмосферата и амбициите на клубот се подигаат на уште поголемо ниво.

„Задоволен сум од минатата сезона, атмосферата и амбициите на клубот се подигаат на повисоко ниво. Очекувам следната сезона поголема борба и поголеми резултатски успеси пред полни домашни трибини, бидејќи минатата сезона многу ни недостасуваа навивачите“, ни изјави Стојаноски.

Тиквеш минатата сезона заврши на второто место во плеј-аутот и избори опстанок во Суперлигата.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!