ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Голманот Симоновски се раздели со Охрид

Голманот Никола Симоновски се раздели со второлигашот Охрид и кариерата ќе ја продолжи во нов клуб.
Во моментот 28-годишникот е слободен, а во својата кариера покрај за Охрид има настапувано за Струга Трим Лум, Новаци и Младост Царев Двор.
Охрид на голманската позиција веќе го ангажираше младиот Дамјан Серафимов кој доаѓа на позајмица од Македонија Ѓорче Петров.