ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Голманот на Кожуф поради физички напад доби висока суспензија!

Фудбалската федерација на Македонија изрече високи суспензии за инцидентите кои се случија на натпревари од Втората лига – Исток и Запад.

Првата одлука која ја донесе Дисциплинската комија на ФФМ се однесува на Сафет Мифтари кој е претставник на Дрита, тој доби дисциплинска казна забрана за вршење на функција во траење од еден месец. Пред неколку кола Дрита беше домаќин на Гостивар, а после натпреварот беше пријавена тепачка од страна на гостите. Дополнително, изречена е и парична казна.

Пред неколку кола Кожуф беше домаќин на Осогово, а по натпреварот голманот на домашната екипа, Илија Јанкулов прво вербално, а потоа физички го нападнал со два удари во пределот на главата голманот на гостинската екипа Матеј Андов, за што Јанкулов доби дисциплинска мерка забрана на настап од шест месеци. Дополнително, и за овој случај изречена е парична казна.

Во прилог одлуките на Дисциплинската комиција на ФФМ:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!