Европски ФудбалФудбал

Голманот на Камерун пристигнува во Лондон, Арсенал договори трансфер!

Лондонски Арсенал го договори трансферот на камерунскиот голман Андре Онана. Според холандските медиуми, 25-годишниот Онана ги договорил сите услови со лондонскиот клуб и наскоро ќе стане нов член на „топчиите“.

Одличниот чувар на мрежата во моментов е под суспензија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) поради допинг, а истекува во февруари следната година. Сепак, постои можност казната да биде укината. Арбитражниот суд за спорт (CAS) ќе го разгледа овој случај утре и ќе биде донесена конечна одлука.

Онана ја започна својата кариера во Академијата на Самуел Ето. Потоа се приклучи на Барселона каде играше до 2015 година.

Онана потоа реши да замине во Ајакс и се покажа како вистински потег и стана прв голман на великаните од Амстердам. За овој клуб одигра 204 натпревари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!