ЕУРО 2020Фудбал

Голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар играч на ЕП!

Голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар играч на Европското првенство!

Италијанците вечерва ја освоија титулата европски шампион, а меѓу најзаслужните за тоа е гранитната одбрана предводена од голманот Донарума.

Донарума ја сочува чиста мрежата на три натпревари во групата, додека во нокаут фазата примаше по еден гол на секој натпревар.

Сепак, со своите одбрани во клучните моменти, тој го однесе „аѕурите“ до втората европска титула и заслужено беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Иако Џорџињо беше прв фаворит за овој ласкав трофеј, одбранетите пенали на Донарума против англичаните во финалето досудија дека трофејот МВП ќе му замине во рацете.

Интересно, само двајца голмани се прогласени за најдобри играчи на Европското во историјата. Пред Донарума, оваа чест ја имаше легендарниот Данец Питер Шмајхел во 1992 година.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!