РакометРакомет - Суперлига

Голманот Мицев се враќа во Радовиш

Радовиш продолжува со градењето на тимот за новата сезона од ракометната Супер лига. Денес радовишани го договорија младиот голман Александар Мицев кој се враќа во Радовиш по две години.

Младиот голман е голем талент и ќе биде од големо значење за екипата од Радовиш која во новата сезона ќе биде предводена од Васил Василев кој доаѓа на местото на Андон Бошковски.

Мицев во Радовиш доаѓа од редовите на Младост Богданци, а во својата кариера има настапувано и за Тиквеш и Струга.

Поврзани Наслови

Радовиш стартот на подготовките ќе го означи на почетокот на август, а предвидени се неколку пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона. Од раководството на клубот за Спортска Мрежа најавија дека во следниот период ќе бидат претставени уште неколку засилувања.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!