ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Голманот Мишовски кариерата ќе ја продолжи во нов клуб

Голманот Драган Мишовски си заминува од Плачковица, која не успеа да обезбеди опстанок во Втората лига – Исток и од следната сезона ќе се натпреварува во Третата лига.

Како што дознава Спортска Мрежа, интерес за 30-годишниот голман има, а Мишовски веќе го бараат клубови од Прва и Втора лига.

Тој за Спортска Мрежа потврди дека ќе си замине од радовишка Плаковица и дека во следниот период ќе ја донесе конечната одлука која понуда да ја одбере и каде ќе ја продолжи својата кариера.

Инаку, Мишовски покрај за Плачковица во својата кариера има настапувано и за Осогово, Детонит, Хоризонт Турново и Беласица.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!