Голгетерката Димитровска ја продолжи верноста со женскиот шампион Саса

Најдобриот стрелец во есенскиот дел од Првата женска фудбалска лига, Ана Димитровска ја продолжи верноста со актуелниот шампион Каменица Саса и потпиша две ипол годишен договор, со што Димитровска останува во клубот од Македонска Каменица до јуни 2023 година.
26-годишната фудбалерка е рекордер по постигнати голови за есенскиот шампион, прва на листата на стрелци за оваа полусезона во ПЖФЛ со постигнати фантастични 43 голови, една од капитенките на сениорската екипа, најдобар централен напаѓач во Првата женска лига која има огромен придонес за шампионската титула на ЖФК Каменица Саса за претходнта сезона.
Димитровска исто така беше стрелец на голот во Лигата на шампиони против НСА Софија од Бугарија.
Претходно клубот ја донесе репрезентативката Драгана Костова, а ги потпиша и младинските репрезентативки, Ана Ристовска и Дајана Ристовска кој остануваат во клубот до 2023 година.