ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Големото прволигашко засилување за Воска Спорт: Гафури пристигнува на „Грашница“

Македонскиот второлигаш Воска Спорт денес го промовираше Арѓенд Гафури како најново засилување за пролетниот дел од Втората лига – Запад. Офанзивниот играч за врска доаѓа од редовите на прволигашот Ренова, каде важеше за еден од клучните играчи, а во минатото ја носеше и капитенската лента на „гипсарите“.

Гафури во есенската полусезона во ПМФЛ имаше мала минутажа бидејќи не беше во плановите на Ќатип Османи, а во Воска Спорт доаѓа како големо засилување во обидот на охридскиот второлигаш за историски пласман во фудбалската елита на Македонија.

32-годишникот покрај за Ренова има настапувано и во албанскиот шампионат за екипата на Фламуртари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!