Европски ФудбалФудбал

ГОЛЕМО засилување од Серија А од 38 милиони евра во Атлетико Мадрид!

Атлетико Мадрид минатата сезона ја освои титулата во Шпанија и сигурно ќе има високи амбиции во новата сезона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Атлетико завршил навистина одличен трансфер доведувајќи го Родриго Де Пол во последните часови.

Де Пол е одличен во Удинезе веќе некое време и пред неколку дена јавно пројави желба да го напушти италијанскиот клуб.

Така, Аргентинецот ќе се пресели на „Ванда Метрополитано“, а вредноста на трансферот е дури 38 милиони евра, што е навистина голема зделка за Удинезе.

Играчот од средниот ред ќе потпише петгодишен договор со „јоргнаџиите“, додека Удинезе може да добие бонуси со овој трансфер во случај на добри резултати на Атлетико.

Италијанските гиганти како Јувентус, Милан и Интер со сите сили сакаа да го видат Де Пол во нивните редови, но на крајот победи Атлетико Мадрид.

Инаку, овој 27-годишник моментално е на Копа Америка каде игра со „гаучосите“, а својот учинок го забележа против Чиле во ремито од првото коло. Тој ќе се приклучи на новиот тим по завршувањето на турнирот.

Удинезе го купи за само три милиони евра во 2016 година кога пристигна од Валенсија, што најдобро покажува колку добра работа заврши Удинезе со неговата продажба.

Минатата сезона Де Пол беше барем статистички фантастичен бидејќи успеа да постигне девет гола и да запише дури десет асистенции.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!