ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Големо соседско дерби меѓу Братство и Победа на „Гоце Делчев“ во Прилеп

Утре стартува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига – Исток и Запад. На „Гоце Делчев“ во Прилеп ќе биде одиграно големото соседско дерби меѓу Братство Житоше и Победа во рамки на 16. коло од Втората лига – Исток.

СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ПОВЕЌЕ ГОСТИ ВО ВАШИОТ РЕСТОРАН – ПЛАТФОРМА ЗА МАКЕДОНСКИ ТУРИЗАМ

На овој натпревар екипата на Братство како домаќин ќе истрча на Градскиот стадион во Прилеп, а пак Победа ќе биде во улога на гостин.

Интересот за овој натпревар ќе биде голем, веќе се најавува големо присуство на публика од страна на навивачите на двете екипи, што ќе го направи овој дуел да помине во една одлична навивачка атмосфера.

Победа на овој натпревар ќе важи за голем фаворит, прилепчани се исто така и први фаворити за конечно враќање во Првата лига, па затоа, сè освен три бодови за Победа би било неуспех од овој натпревар, додека пак од друга страна Братство се бори за опстанок во второлигашкото друштво и се освен пораз за нив би било успех, бидејќи секој натпревар за нив ќе значи и финале и борба за бодови.

АРХИВА: Победа – Каменциа Саса 3. коло 2021/2022

Главен судија на натпреварот ќе биде Александар Василевски од Скопје, а ќе му помагаат Милош Милошевиќ и Горан Милошевски, додека за четврт судија е делегиран Дени Лековски од Битола.

Делегатската функција ќе ја обавува Арменд Дестани од Тетово, а контролор на арбитражата ќе биде Орданчо Ангелов од Неготино. Натпреварот ќе започне во 14:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!