ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Големо пријателско дерби меѓу Вардар Неготино и Братство 07

Стартот на пролетната полусезона од Третата лига – Југ е одложен за една недела, па наместо на 21. февруари стартот ќе биде на 28. февруари.

Пролонгирањето клубовите ќе го искористат да одиграт уште по еден контролен натпревар. Во Неготино, ќе се одигра големо пријателско дерби меѓу третолигашите Вардар Неготино и Братство 07.

Двете екипи во пролетната полусезона влегуваат со силни амбиции за пласман во Втората лига – Исток, што е нивна прва цел.

Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Неготино со почеток од 14:00 часот и од истиот ќе има пренос во ЖИВО на Спортска Мрежа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!