ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Големо Коњари нижи само победи, а Мирчески стигна до ДЕСЕТ погодоци, младата екипа со неколку искусни играчи цели кон Втора лига!

Големо Коњари минува низ успешни подготовки, овој третолигаш одигра неколку контролни натпревари и забележа позитивни резултати, а младата екипа која е поткрепена со неколку искусни играчи на чело со Зоран Мирчески цели кон Втора лига.

Спортска Мрежа разговараше со тренерот Тони Наумовски, кој вели дека е задоволен од подготовките, додава дека клубот има ново раководство, па екипата сега е препородена и нижи фантастични резултати.

„Подготовките на екипата течат во најдобар тек, играме пријателски натпревари секоја среда и недела со цел да се подобри спремноста на играчите. Работиме напорно и со тоа идат и резултатите. Одигравме седум пријателски натпревар и се уште немаме пораз“, вели тренерот Наумовски за Спортска Мрежа.

Големо Коњари на контролните натпревари игра одлично и нижи позитивни резултати и победи. Најубедлива победа беше забележа над екипата на Динамо од Мажучиште со резултат од 6:1, потоа со 4:2 триумф над Кадица, додека пак дуелот против Црно Буки заврши со нов триумф за Големо Коњари од 2:3. Екипата предводена од Тони Наумовски беше подобра и од младинците на Победа со 2:1, потоа беше забележано реми против новиот член на Трета лига – Југозапад, екипата на Демир Хисар со резултат од 2:2, па следуваше убедлива победа од 4:1 над Слога Лажани и реми од 1:1 против Росоман.

„Во врска со екипата се работи на високо ниво и сме презадоволни од досегашните припреми и резултати. Играчкиот фонд е засилен со четири нови фудбалери“, ни изјава тренерот на третолигашот од Трета лига – Југ.

Нови имиња во екипата на Големо Коњари се Антонио Крајоски, Ангел Наумоски и Иле Митрески кои во пакет доаѓаат од младинската школа на прилепска Победа, додека пак Борче Сркески доаѓа од редовите на Росоман. Повратници во екипата се Далибор Дајевив, Драган Пурчески и Николче Нешкоски.

„Во пресрет на новата сезона екипата има нова управа на чело со претседателот Тони Даноски и спортскиот директор Горан Касниоски кои што го препородија тимот. Очекувањата за новата сезона се да бидеме во врвот на табелата и целиме кон Втора лига со млада екипа поткрепена со искусни играчи на чело со Зоран Мирчески кој постигна десет голови на овие пријателски натпревари.“

Трета лига – Југ во моментот е далеку од старт на новата сезона, а Наумовски вели дека тие одвај чекаат да започне новата сезона и да продолжат со истото темпо и на првенствените натпревари.

„Очекуваме дека новата сезона ќе започне што поскоро со желба да продолжиме со истото темпо во превенствените натпревари“, завршува Наумовски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!