ФудбалФутсал

Големо футсал дерби во Македонија: Арбен Бајрами против лидерот Проект

Утре се игра големото футсал дерби во Македонија, меѓу второпласираната екипа на Арбен Бајрами и лидерот Проект, во меч од 14. коло од Првата футсал лига на Македонија.

Натпревар кој можеби и ќе го одлучи и футсал шампионот. Проект е прв со 37 бодови, додека Арбен Бајрами со еден бод помалку е втор, а актуелниот шампион Шкупи е трет со 32 бодови.

Доколку домаќинот утре оствари победа тогаш ќе има нов лидер во Првата футсал лига, а со победа на Проект тогаш бодовната разлика ќе се зголеми на четири бодови.

Дербито ќе го судат искусните Бартон Јосип како прв судија, Ристовски Доне како втор и Исмаили Музафер како трет судија. За делегат е делегиран Ѓорѓиев Илија.

Натпреварот ќе стартува во 19:00 часот и ќе може во ЖИВО да се следи и на Спортска Мрежа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!